• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Камбовски и Поповски: Договорот од Преспа е оптимално решение (ДПЛ)

Камбовски и Поповски: Договорот од Преспа е оптимално решение (ДПЛ)

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Договорот од Преспа е оптимално решение што Македонија можеше да го постигне за решение на спорот за името, смета академикот Владо Камбовски,  кој денеска заедно со академикот Владо Поповски и Нано Ружин одржа средба со новинарите посветена токму на овој договор.

- Ова е оптимално решение. Нека никој не се надева или да мисли поинаку, истакна Камбовски. 

Од научна гледна точка, вели дека Договорот е сосема прифатлив и не можат да му се најдат некои пречки. 

Постигнатиот консензус околу името Република Северна Македонија, академикот посочува дека е компромис меѓу стравувањата и надежите на двете страни: задржано е името „Македонија“ на државата, со што не се загрозува идентитетот на македонскиот народ кој живее на нејзината територија, но додадена е географска одредница со која таа се разликува од северниот регион на Грција. Договорот, според него, не задира затоа што не ни може да задира во прашања та на националниот идентитет. Одредувањето на државјанството на “граѓаните на Република Северна Македонија“ кое ќе биде заведени во сите патни доклументи како „макдонско“ е исправна формулација. Одредбата за македонскиот јазик како официјален јазик според Камбовски има декларативен карактер.

- Со неа не се признава постоењето на македонскиот јазик и неговиот статус на службен јазик на Република Македонија, туку се потврдува неговото меѓународно признавање, вели Камбовски.  

Според него, огромен придонес на овој договор во процесот на евроатланските интеграции на Република Македонија под новото уставно име е што го антиципира регистрирањето на македонскиот јазик како еден од службените јазици во ЕУ, превенирајќи можност за спорење на таквиот негов статус од други држави - членки. 

- Есенција на нацијата е јазикот како наша припадност, рече академикот. 

Камбовски кажа дека работата со Договорот од Преспа не завршува откако тој ќе биде ратификуван, туку дека тогаш допрва ќе почне. 

- Ние го свртевме вниманите најмногу кон оние прашања за уставни промени кои нема да бидат многу сложени, туку ќе бидат едноставни, но повеќе работа ќе има во другите делови каде што треба да се воспостави стратешко партнерство и да се развијат врските во сите области, вели академикот додавајќи дека тогаш МАНУ ќе ги програмира своите активности. 

На иста линија со Камбовски е и академикот Поповски кој вели дека „не можеше да има подобар договор“ и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар договор од овој. 

- Апсолутно сметам дека не можеше подобар договор да се направи. Флоскулата во нашата јавност дека некој друг кога би бил би склучил подобар договор е илузија и може да се каже дека во овој време нема позитивна улога со оглед на целта особено кога нема конкретизација што предлага и на кој начин тој би можел да постигне, вели Поповски, кој рече дека ќе излезе и ќе гласа на рефефрендумот иако би можело да се разговара за некои прашања од договорот.

Само оваа Влада се осмели да исчекори, посочува академикот, потенцирајќи дека дека тоа е максимум што Република Македонија во овој момент може да добие, а дополнително да си го отвори патот кон ЕУ и НАТО.  

- Се согласувам со коректноста на толкувањето на академикот Владо Камбовски за карактерот на овој договор. Единствено може да се постават некои прашања. Ова е императивно задача дадена од ОН. Што би било ако странките не ја исполнат таа обврска. ОН немаат санкција во тој случај, рече Поповски.

Академикот посочи дека во овој договор има рок до крајот на 2018 година, што е мошне интересно од правен аспект. 

- Што ако не се исполни рокот, што ако се случи во јануари или февруари 2019. Дали е ова преклузивен рок? Тоа значи ако не се исполни до тој рок тогаш нема обврски ни на едната ни на другата страна. Во тој случај нема договор, а остануваат оние правни акти што претходно постоеле резолуциите на ОН, привремената спогодба итн, вели Поповски. Потенцира дека во таа смисла Македонија нема да падне во вакуум во однос на правните акти туку влегува во една неизвесност во политичка смисла на зборот 

Во хиерархијата на интересите Македонија на прво место мора да го стави НАТО и ЕУ, смета академикот, за да не останеме како што вели, во една неизвесност која што многу реално ја доведува во прашање одржливоста на Република Македонија и мирот, којшто е фактор не само за нас туку и за регионот и за европскиот мир. Смета дека Македонија има меѓународна поддршка, но таа може толку поради високонапонскиот национализам што е лесно раздразлив и различен од концептот на Македонија за државност, за мултиетничност... 

- Она што министерот Димитров кажува: Мораме да ја сватиме осетливоста и на грчката нација. Врз тој агрегат на тој високонапонски национализам политичките партии таму практилно ја градат својата позиција во политиката и оваа политичка гарнитрура на Ципрас која што исчекори и го потпиша овој договор е извонредно позитивен чекор толку колку што Грција можеше да изнедри позитивен однос кон ова прашање, со оглед на сите овие решенија, вели Поповски.  

Овој приоритет треба што помасовно да се почитува и да се прифати Договорот од Преспа. 

Според академикот Камбовски Договорот од Преспа е втор европски договор што на Република Македонија го склучува со своите соседи, по Договорот со Бугарија од 2017 година, кој ја предодредува неговата заснованост врз основните европски вредности и начела, како што се: почитувањето на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, трајното пријателство и соработка меѓу соседните народи и држави, мирното решавање на споровите, почитување на универзалните човекови права и слободи... 

Академиците предупредија дека со Договорот неизвесно е дали МАНУ ќе го задржи своето име. 

- Доколку се поентира македонскиот национален карактер на Академијата, тогаш може да се јави во Македонија алтернатива на албанска академија на науките во Сверена Република Македонија. Можеби продолженото име Академија на науките и уметностите на Северна Македонија е покоректно во однос на карактерот на Република Македонија, вели Поповски.   

Нано Ружин посочи дека со Договорот од Преспа се затвора македонското прашање, старо еден век, може и повеќе.

- Вториот значаен елемент е што со овој договор, практично се стабилизираат билатералните односи меѓу Грција и Република Македонија и целиот регион. Договорот не е само во функција само на НАТО и на ЕУ, Договорот е многу поширок, тој се однесува и на стабилизирање на целиот регион и третата идеја е дека овој Договор заедно со оној од Бугарија, ги гледам како една целина, рече Ружин. 

Камбовски кажа дека ова не е официјален став на МАНУ, туку дека ова се некои научни погледи на академици од Центарот за стратегиски истражувања на Академијата.

Утрешната научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“ се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата од Преспа и на општествениот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена. Учество ќе земат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на власта и на акредитираните дипломатски мисии во земјата. ев/са/14:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...