На УКЛО-Битола запишани околу 1.000 бруцоши

На УКЛО-Битола запишани околу 1.000 бруцоши

Битола, 12 септември 2018 (МИА) - Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши првиот уписен рок за студенти во прва година и запишани се околу 1.000 бруцоши.

Од УКЛО-Битола информираат дека во наредните два дена, утре и во петок ќе се реализира вториот уписен рок, а места за упис има во сите универзитетски единици.

- Според конкурсот, УКЛО-Битола во новата академска година може да запише  вкупно 3.635 студенти, и тоа 2.005 во државна квота,  1.015 студенти во квота со кофинансирање и  615 вонредни студенти. Како што се очекуваше, по првиот уписен рок исполнета е една третина од можностите и изборот што им беше понуден на кандидатите, и според традицијата, во вториот упис очекуваме зголемен интерес за студирање на универзитетските единици, информираат од УКЛО-Битола.

Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење.

Пријавување на кандидатите ќе се врши утре и на 14. септември, објавување прелиминарна ранг-листа ќе има на 18. септември, додека запишувањето ќе се врши на 21 септември. мт/цр/09:51

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ