Барање за парична помош за првачиња во Аеродром ќе може да се поднесе и в сабота

Барање за парична помош за првачиња во Аеродром ќе може да се поднесе и в сабота

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што им ги доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија истекува в сабота, на 15 септември.

- Со цел родителите да можат да го искористат своето право на овој паричен надоместок, Одделението за образование при Општина Аеродром ќе работи и в сабота од 8:00 до 16:00 часот во канцеларија број 19, информираат од општината.

Во прилог на барањето треба да се донесат на увид лична карта на еден родител, потврда за упис на првачето, извод на родени и трансакциска сметка. дма/са/12:20

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ