• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово

Тетово 12 септември 2018 (МИА) – Академик Абдулменаф Беџети со свечена церемонија денеска беше назначен за нов, трет по ред, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа  (УЈИЕ) во Тетово. Тој доаѓа на местото на Замир Дика кој беше ректор во два мандата.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој му посака на новиот ректор одржување и унапредување на мисијата на УЈИЕ - висока научно-истаржувачка дејност изградена на мултиетнички принципи.

- Од самиот почеток овој универзитет го втемелувал принципот на едно општество. Очекувам генерациите што доаѓаат по нас ќе го следат и негуваат принципот на настава на повеќе јазици како тука - на македонски, албански и англиски јазик и предводени од академикот Беџети ќе продолжат со унапредување на квалитетите. Владата и досега иамше поддршка за УЈИЕ, но согласни сме дека колку повеќе универзитетот ќе произведува кадар од јавен интерес, толку ние ќе обезбедуваме поголема поддршка. Оттука излегуваат одлични кадри и за приватниот сектор и за јавните институции. Очекувам овој квалитет да расте бидејќи само така ќе ја направиме Македонија подобро и попријатно место за живеење, и сега, и за идните генерации, изјави Заев.

Ректорот Беџети посочи дека негов приоритет е и мисијата за институција во функција на подобрување на квалитетот на Универзитетот, а со тоа и влијанието врз подобрувањето на животот на општеството.

- Предизвиците во образованието воопшто, а особено во високото образование, стануваат сè поочигледни. Иселувањето на населението кон Запад за подобар живот не е само поради материјални и финансиски тешкотии. Голем број семејства и поединци продолжуваат да се движат во потрага по високо квалитетно образование. Единствениот начин да се ублажи интензитетот на овој академски егзодус е да се подигне и да се подобри квалитетот на образованието. Либералното образование како група на интелектуални инструменти заедно со стручната обука треба да создаде чувство на поголема општествена одговорност, емпатија и разбирање за подобар живот на луѓето. Со овие цели кои создаваат вредност и јавен интерес можеме да ги оправдаме инвестициите на меѓународната и локалната заедница во исто време, рече Беџети.

На свеченоста присуствуваа повеќе министри, пратеници, ректори од универзитети во земјава и странство, амбасадори, бизнисмени, претседателот на МАНУ Таки Фити, како и првиот, а сега и почесен ректор на УЈИЕ, академик Алајдин Абази. ас/хс/15:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...