• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Изгоре куќа во пожар во Грчец

Изгоре куќа во пожар во Грчец

Скопје, 23 август 2018 (МИА) - Целосно изгоре куќа во пожар кој избувнал синоќа, околу 20:40 часот, во викенд населбата во скопското село Грчец.

Како што соопшти МВР, пожарот избувнал од засега непознати причини во викенд куќа на еден кат за која се уште не е утврдено кој е сопственик.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Полицијата ќе врши увид. мд/сд/09:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ