• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 23 август 2018 (МИА) - На 22.08.2018 година околу 12.20 часот на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Даеву  матиз“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(57) од Тетово, удрило во мопед „Томос“ со тетовски регистарски таблици, управувано од М.Б.(35) од Тетово. Со истото возило М.Б. бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан за натамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

На 22.08.2018 година во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, лицата М.Н.(20) и М.С.(19), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу околу 02.15 часот во дискотека во Градски парк физички биле нападнати од лицата С.Ј. и А.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година во 00.45 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.О. (27) од с.Делгожда, струшко, во кое совозач бил М.Д.(29) од с.Делгожда. При легитимирање М.Д. фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана. Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

На 22.08.2018 година во 20.30 часот каj раскрсницата во с.Велушина, битолско, полициски службеници ја пронашле Б.В.Ф.Т.(50) од Куба, каде живеела без документи за идентификација. По извршените проверки било констатирано дека престојувала кај  нејзиното момче во Прилеп, но илегално влегла во Република Македонија. Б.В.Ф.Т. е приведена во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 22.08.2018 година во 12.30 часот во Полициската станица Центар, М.А.(27) од Скопје пријавила дека на 21.08.2018 година околу 22.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на десната натколеница.  

На 23.08.2018 година околу 02.10 часот на магистралниот пат Штип –Велес, во близина на населба „Три чешми“, при сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на Б.И. (44) од Скопје кој управувал патничко возило „Алфа“, на местото дошол Д.Т. (51) од Штип, кој физички нападнал еден од полициските службеници. Тој бил совладан и приведен во Полициската станица Штип, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.В.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 15.08.2018 година околу 00.10 часот во неговиот дом во Крива Паланка, при семејна расправија, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга Л.В.(31) и нивната малолетна ќерка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Т. (25) од Црнилиште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 10.06.2018 година во Прилеп, во село Стровија, во шумска парцела на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ - подружница „Црн Бор“ Прилеп, пријавениот со моторна пила пресекол 4,2 кубни метри дабови дрва и со товарно возило „Застава 650“ почнал да ги превезува до село Долнени, со цел да ги продаде. Кога стигнал пред селото забележал полициско возило, по што во двор од најблиската куќа го оставил возилото натоварено со дрва.13:29

###

   

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...