• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 август 2018 (МИА) На 23.08.2018 година околу 17.30 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, засега непознато патничко возило удрило во пешакот Ј.Д.(66) од Тетово и веднаш го напуштило местото. Од ударот Ј.Д. се здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во Тетовската клиничка болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година околу 21.25 часот во рудник „Болмак“ во Крива Паланка, Ј.П.(55) од с.Мождивњак, Кривопаланечко, при работа паднал во јама и се здобил со повреди. На пат кон Здравствен дом Крива Паланка Ј.П. починал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година во 22.13 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, со повреди биле донесени М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, вработени во приватна фирма. При истовар на песок во кругот на фабриката „Железара“ од камион, се откачила приколката и тие се здобиле со повреди. Кај нив биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година во периодот од 17:30 до 19 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на К.М.(52) од с.Корошишта, Струшко, на место викано „Вогељ Чешме“, атар на с.Корошишта. При претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“. К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.08.2018 година во 1:30 часот во Полициска станица Гази Баба, згрижувач во СОС Детско Село пријавил дека на 22.08.2018 година околу 13 часот од СОС Детско Село во непознат правец се оддалечило 16-годишно девојче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.08.2018 година во 8.30 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Е.К.(17) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „А“ (апси). Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 23.08.2018 година во 17.32 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен на бензинска пумпа на ул. „Кеј Димитар Влахов“ пријавил дека на бензинската пумпа дошло непознато женско лице и пријавило дека во близина на пумпата имало починато лице. По преземени мерки било утврдено дека починатото лице е Р.Л.(40) од Куманово. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

На 23.08.2018 година во 15 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ со патничко возило „Дачија логан“ со турска национална ознака допатувал Н.Ј.И.(52) од Република Бугарија. При проверка на приложените документи било констатирано дека зелената карта за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија била фалсификувана. Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 23.08.2018 година во 14.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“ забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата. При падот на зрното, во возилото немало никој. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. мд/10:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.