Двајца работници тешко повредени во кругот на фабриката „Железара“

Двајца работници тешко повредени во кругот на фабриката „Железара“

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ синоќа околу 22 часот со тешки повреди биле донесени двајца работници од приватна фирма. 

Како што соопшти МВР, М.З.(50) и П.О.(56), двајцата од Скопје, се здобиле со тешки телесни повреди, откако се откачила приколката од камион при истовар на песок.

По укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување. 

МВР презема мерки за расчистување на случајот. нд/сд/10:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ