• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 24 август 2018 (МИА) На 23.08.2018 година околу 12.40 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен Џ.З.(53) од Гостивар, вработен во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Гостивар, со тешки телесни повреди. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал работи на улица „Гоце Делчев“, го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година во 23.00 часот во Полициската станица Струга, 14-годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми, кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, пријавило дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило други полови дејствија над неа. Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга.Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе. По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.08.2018 година околу 17.15 часот во златара на улица „Маршал Тито“ во Струга, непознато лице извршило разбојништво над вработениот. Сторителот од вработениот побарал прстен кој претходно го нарачал. Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една кеса на масата и му се заканило дека во кесата има бомба. После тоа сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

На 23.08.2018 година околу 04.40 часот е пријавено дека на улица „Крсте Асенов“ има повредено лица. Излезено е на местото на настанот при што е констатирано дека се работи за лицето Ј.С.(81) кој кажал дека паднал сам од прозорецот. Лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На 23.08.2018 година во 16.30 часот во Полициско одделение Сарај Ф.Р.(46) од Скопје пријавил дека во 16.20 часот додека се движел со неговото патничко моторно возило „Голф 2“ на улица „20“ слушнал удар на десната страна од шофершајбната и внатре пронашол зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Битола, за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 27 јуни околу 13.30 часот, во Битола поради нерасчистени семејни односи, пријавениот со нож го прободел во грб неговиот 50 годишен татко додека излегувал од домот.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против З.Р.(47) од Битола, за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Во текот на 2016 година во Битола, пријавениот без да поседува конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство на РМ, извршил делумно рушење на дел од објект и помошни простории во дворот на поранешен „Буковски Ан“, како и адаптација на објектот за деловни цели, иако објектот претставувал заштитено добро согласно Законот за културно наследство од особено значење.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(36) од село Глоѓи, А.С.(20) од село Групчин, А.Б.(20) од Тетово, Б.Х.(26) од Тетово, Д.Б.(24) од Тетово, Н.Ф.(20) од село Бојане, К.Б.(18) од село Студеничани, В.Ќ.(20) од Тетово, А.А.(19) од Тетово и Е.Л.(43) од Тетово, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста по пат на компјутерски систем“ и „повреда на рамноправноста на граѓаните“. Во периодот од 11 до 13 јуни годинава, пријавените на социјалната мрежа Фејсбук му упатиле закани на Б.А.(35) од Тетово по неговиот живот и животот на неговото семејство а исто така ја објавиле и адресата на која живее.

На 24.08.2018 година околу 01.15 часот во угостителски објект на улица „Црвена“ во Скопје двајца полициски службеници биле физички нападнати од сопственикот Г.Б. и лицата В.А. и А.Д. Во објектот тие отишле по поплака за гласна музика, го известиле сопственикот и побарале да се легитимира. Тој одбил и почнал да ги навредува полициските службеници, а кога се обиделе да го приведат, физички ги нападнал, по што се приклучиле и лицата В.А. и А.Д. Сите тројца биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(27) од Охрид, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 31 јули околу 10.30 часот во Охрид, во семејниот дом, пријавениот ја изнел својата мајка надвор од куќата, а потоа влегол внатре, се заклучил и предизвикал пожар во една од просториите. Откако неговата мајка побарала помош, соседите насилно ја отвориле влезната врата од куќата, по што пријавениот се дал во бегство.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе известување против О.П.(58) од Кратово и В.Л.(64) од Куманово, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавениот вработен како овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, во март 2017 година откако констатирал дека изведбата на настрешница на објект од изведувачот правно лице ДПТУ „ПИНУС КОМПАНИ“ ДООЕЛ КУМАНОВО-Подружница ХАРФА Куманово, е спротивна на Законот за градење, изготвил решение за отстранување на бесправно изградената натстрешница. Откако инвеститорот не ја отстранил градбата, пријавениот не презел мерки и не им изрекол парични глоби на правното и одговорното лице во износ од 9.100 евра на штета на Буџетот на Р.Македонија. Второпријавената како раководител на Сектор за инспекциски надзор, пропуштила отстранувањето на бесправно изгрдениот објект да го стави во Програмата за уривање, а не извршила и должен надзор над работењето на првопријавениот и не презела натамошни мерки за казнување на правното лице.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(59) од Битола, поранешен градоначалник на Општина Битола, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во период од 2015 до 2017 година, пријавениот спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола, со што нанел штета на општината во висина од 799.200 ден. Покрај ова, со потпишување на договори со превозници и правни лица кои користат услуги, неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари. Исто така, по завршување на проектот „Реконструкција на автобуски стојалишта“ не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки. нд/12:37

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...