Независнкиот полициски синдикат бара МВР да ја признае неговата репрезентативност

Независнкиот полициски синдикат бара МВР да ја признае неговата репрезентативност

Скопје, 24 август 2018 (МИА) - Независниот синдикат на полицијата бара Министерството за внатрешни работи да го земе предвид фактот дека по сила на закон овој синдикат, со над 2.500 членови е репрезентативен и да го вклучи во донесувањето на одлуките и актите кои ги засегаат правата на вработените во полицијата.

Репрезентативноста, како што посочи на денешната прес-конференција генералниот секретар на НСП Орце Коцевски, ја потврдила и Комисијата за репрезентативност со решение во кое ги известила дека репрезентативноста на ниво на работодавач се стекнува по сила на закон согласно член 212 став 5 од Законот за работни односи, односно со исполнување на овој услов.

- Со ова решение со кое се потврдува дека НСП по сила на закон е репрезентативен синдикат и веќе треба да ги има сите права и обврски од постоечкиот колективен договор на МВР, рече Коцевски.

Од Независниот синдикат на полицијата забележуваат дека и покрај минатомесечната средба со министерот Оливер Спасовски и тогашниот директор на БЈБ и договорот  за учество и на овој синдикат во социјалниот дијалог, нивните ветувања не се консултирани во изготвувањето на Листата на плата, но и оти не е информиран за постапката за систематизација на работните места во Министерството. сст/скс/12:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ