• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 25 август 2018 (МИА) На 24.08.2018 година околу 11:45 часот во Скопје на крстосница од улица „Борис Сарафов“ и улица „Крсто Јаковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо темпо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(26) од Скопје, и моторцикл „Томос“, исто така со скопски ознаки, управуван од Д.А.(70) од Скопје. Д.А. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.08.2018 година во 13:20 часот на регионалниот пат Тетово - Попова Шапка, поточно во село Гајре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(31) од село Шипковица и патничко моторно возило „Цитроен“ со италијанска национална ознака, управувано од М.Д.(32) од Албанија, а со место на живеење во Италија. Во незгодата сопатникот од возилото „Цитроен“ Ф.И.(61) од село Бозовце се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.

На 24.08.2018 година во 17:30 часот во Прилеп на улица „Александар Македонски“ М.Т.(24) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки удрил во пешакот И.Т.(74) од Прилеп. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

На 24.08.2018 година во 9:50 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на реката Вардар, Ш.С.(52) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонска ограда од мостот, по што се превртел на покрив. По незгодата 16-годишна сопатничка од Скопје со возило на итна медицинска помош била пренесена во Клиничкиот центар Тетово, каде и се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.

На 24.08.2018 година во 7:10 часот сe случила сообраќајна незгода на крстосница од улицата „Орце Николов“ и улицата „Аминта трети“ во Скопје во која учествувале патничко моторно возило „Фиат Линеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ исто така со скопски ознаки управувано од С.Х.(47) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возиото „Цитроен“, на која и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“, додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н.(24), Д.С.(24) и Е.В.(19) сите од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 24.08.2018 година во 23:55 часот во Полициската станица Чаир, Б.С.(46) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19:30 часот додека била во нејзиниот дом во населба Шуто Оризари заедно со нејзината сестра А.А., нејзината тетка Б.Д. и другарка М.А., во еден момент нејзината сестра добила телефонски повик од нејзината ќерка А.Б. со која се договориле да излезе надвор со цел да расчистат некои работи. Половина час подоцна Б.С. и М.А. излегле надвор и ги виделе А.Б. која била заедно со уште неколку лица кои физички ја нападнале пријавителката. Откако лицата го напуштиле местото на настанот пријавителката забележала дека златниот ланец кој го носела на вратот и го нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2018 година околу 14:25 часот од итна медицинска помош е пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“. Тој при минирање на ископ во рудник „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот. Извршен е увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 24.08.2018 година околу 11 часот во Полициска станица Чаир, Б.Т.(36) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 23 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.08.2018 година во Полициска станица Битпазар, И.Р.(62) од Скопје пријавил дека на 22 август околу 11:30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Е.Р.(30) кој бил со патничко моторно возило „Форд Фиеста“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.08.2018 година во Полициската станица Ѓорче Петров М.С.(60) од Скопје пријавил дека на 23 август во 23 часот на улица „Шидска“ во Скопје бил нападнат од група кучиња-скитници, при што од страна на едно куче бил каснат во пределот на левата нога. мд/10:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ