Тешко повредена сопатничка во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Тешко повредена сопатничка во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Шеснаесетгодишно девојче вчера било тешко повредено во сообраќајка која се случила на автопатот Скопје- Тетово, кај мостот на реката Вардар.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога скопјанецот Ш.С.(52) управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонската ограда од мостот, по што се превртел на покрив. 

Девојчето од Скопје, кое било сопатничка, со возило на итна медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар Тетово, каде биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош девојчето било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот. мд/ев/10:34

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...