• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Схаутен: Граѓаните да одлучат за референдумот

Схаутен: Граѓаните да одлучат за референдумот

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Холандија ја поддржа одлуката за Република Македонија на Самитот на НАТО, сега е на граѓаните да одлучат на референдум, дали го поддржуваат Договорот и членството во НАТО, се наведува во одговорот на писмото што министерката за одбрана Радмила Шеќеринска го доби од својата колешка од Кралството Холандија Анк Бајлевелд Схаутен.  

Во писмото со кое холандската министерка за одбрана и одговори на министерката Шекеринска, која од своите колеги од земјите членки на НАТО пред Самитот во Брисел побара поддршка за НАТО поканата за Македонија, Схаутен го поздрави прогресот што Македонија го постигна изминатата година.

- Холандија ја поддржува политиката на НАТО на отворени врати, која се покажа како важен инструмент во промоцијата на демократските вредности и стабилноста во регионот. Владата на Република Македонија вложи огромни напори во иницирањето на неопходните реформи. Ви честитаме на прогресот постигнат изминатата година, пишува Бајлевелд Схаутен, објави Министерството за одбрана.

Во писмото, холандската министерка упати честитки за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција, со што е отстранета последната формална пречка за почеток на пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО.

- Сега останува на народот на Република Македонија да одлучи, на Референдумот во септември, дали го поддржуваат Договорот и членството во НАТО, се наведува во писмото.

Холандската министерка за одбрана смета дека од клучно значење е Македонија да остане на реформскиот пат, да продолжи со реформите околу владеењето на правото, медиумските слободи и правата на малцинствата и изразува подготвеност Холандија да помогне во напорите за нивното спроведување, се посочува во соопштението од Министерството за одбрана. ев/лв/12:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ