• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје

Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Седумнаесетгодишно момче од скопското село Црн Врв синоќа, околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ било физички нападнато од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле со нож му нанеле расекотини и побегнале. 

Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57).

Момчето се упатило во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот. мд/лв/13:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ