• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 август 2018 (МИА) На 26.08.2018 година околу 02.05 часот на улица "Илија Алексов" во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“. Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот.

На 25.08.2018 година, околу 17.15 часот на регионален пат Куманово - Скопје, на излез од село Никуштак, непознато патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во велосипед управуван од М.А.(59) од село Никуштак, Липково. По незгодата возачот го напуштил местото на настанот, додека М.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош во болница Куманово е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

На 25.08.2018 година во 14,12 часот е пријавено дека во близина на село Железнец, демирхисарско се случила сообраќана незгода во која учествувале товарно моторно возило „Ман“ и полуприколка сопственост на фирма а управувано од Д.Д.(30) од Кичево, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Х.(50) од Битола и паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со битолски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата сопатници во патничкото возило Ј.К.(61) и Д.К.(58) двајцата од Македонија но со живеалиште во Австралија. Со телесни повреди се здобиле Д.Д. и З.Х. Извршен е увид на местото на настанот.

На 25.08.2018 година околу 15.30 часот во Полициска станица Чаир Л.П.(72) од Скопје, пријавила дека на 24 август околу 06.20 часот од домот се одалечил нејзиниот син О.П.(45) кој заминал на работа но не се вратил. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и истиот починал на местото на настанот. Извршен е увид. За настанот е известен Јавен обвинител.

На 25.08.2018 година околу 14,30 часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека на улица „4 Јули“ во сопствениот дом, самоубиство со огнено оружје - пиштол извршил Д.Ш. (19). Извршен е увид на местото на настанот.

На 25.08.2018 година во 08,30 часот на Граничен премин „Деве Баир“ на излез од Р.Македонија при контрола на C.M.(34) од Германија, носител на турска патна исправа кој управувал патничко моторно возило „Ауди Q5“ со германска национална ознака, утврдено било дека возачката дозвола издадена во Р.Шпанија е фалсификувана. Лицето е лишено од слобода и предаден во Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 25.08.2018 година во 05.40 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од РМ се пријавила да патува T.A.(18) од Албанија со грчка лична карта. Од извршените проверки е констатирано дека истата остварила влез во РМ на 24 август на Граничен премин Ќафасан. Од извршени дополнителни проверки е констатирано дека личната карта е фалсификувана. Лицето е приведено за понатамошна постапка. нд/10:17

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ