Задржани 13 мотори на учесници во диви трки

Задржани 13 мотори на учесници во диви трки

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Во акциска контрола за откривање возачи кои организираат и учествуваат во диви трки ноќеска во Скопје полицијата задржала 13 мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

Акцијата, што траела од 20 часот синоќа до еден часот по полноќ, ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

- Од страна на полициски службеници во Полоциска станица Кисела Вода и Карпош привремно се задржани 13 мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед. Привремено задржани се по четири моторцикли "Кавасаки" и "Хонда", по две "Сузуки" и "Јамаха" и еден моторцикал "КТМ", соопшти Министерството за внатрешни работи.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се 25 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.лв/нд/10:32

###



    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ