Млад радовишанец загинал кога со мотор удрил во паркирана тракторска приколка

Млад радовишанец загинал кога со мотор удрил во паркирана тракторска приколка

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Дваесетгодишен возач на мотор „Кавасаки“ загинал во Радовиш кога рано изутринава удрил во паркирана тракторска полуприколка.  

Полицијата соопшти дека рано изутринава околу 2:05 часот на улица „Илија Алексов“ во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“.

Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. ев/лв/11:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ