• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Д.С.(28) од Скопје  вчера во 18:35 часот пријавил дека околу 05.00 часот на улица „Васил Ѓоргов" бил физички нападнат од едно непознато машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во двор од куќа на улица „Багдадска“ во Скопје сопственост на Д.А (65)  синоќа во 19:20 часот  е пронајдено е починато непознато машко лице. Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.  

Во Полициска станица Гостивар  ноќска во 00:25 часот било пријавено дека во село Дебреше, гостиварско Ј.М.(78) извршил самоубиство со пиштол. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. лв/13:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ