Едно лице почина во каменолом, го прегазило товарно возило

Едно лице почина во каменолом, го прегазило товарно возило

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Едно лице почина откако во каменолом во струшко го прегазило товарно моторно возило, управувано од друго лице. 

- Денеска во 08:55 часот во Полициска станица Струга  пријавено е дека во каменоломот лоциран во место викано „Лабунишки ливади“ З.В.(36) управувајќи товарно моторно возило непозната марка, при враќање наназад, го прегазил С.А.(41) од село Долно Татеши, струшко, соопшти МВР.

Лицето починало на местото на настанот. Увидот е во тек. сст/са/13:37

Фото: МИА архива

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ