• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Одбележан 27 август - Ден на Третиот механизиран пешадиски баталјон

Одбележан 27 август - Ден на Третиот механизиран пешадиски баталјон

Тетово, 27 август 2018 (МИА) - Со војничка свеченост денеска во тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ беше одбележан 27 август - Ден на Третиот механизиран пешадиски баталјон.

Овој ден со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов е определен како ден на оваа единици во спомен на формирањето на 15-тата поречка ударна бригада на 27 август 1944 година во селото Брезница кај Македонски Брод.

- Денеска одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна Македонија, а денешната свеченост е уште една прилика да се потсетиме на нашите славни претци и нивните херојски дела. Покрај подготовката и организација на силите за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија припадниците на единицата извршуваа и други задачи кои произлегуваат од мисијата на баталјонот, рече командантот на 3.мпб потполковник Гоце Филипоски.

Тој притоа посочи дека асистенцијата на силите на МВР во справување со мигрантската криза продолжила во периодот меѓу двата празници.

- Држејќи ја т.н. „Балканска рута“ затворена, нашите припадници ги штитат границите на Република Македонија од илегална миграција но и границите на Европската Унија исто така. Припадниците на баталјонот беа и се распоредени илјадници километри од татковината, во еден од изворите на оваа илегална миграција, Авганистан, каде во мисијата „Одлучна поддршка“ даваат свој придонес во изградба на светскиот мир, додаде Филоповски.

Во име на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во чиј состав делува 3.мпб на присутните им се обрати нејзиниот заменик командант полковникот Марјан Симоновски.

- Третиот механизиран пешадиски баталјон заедно со сите единици од 1.мпбр претставува главна борбена сила на АРМ каде се сконцентрирани најголемиот дел од борбените капацитети на армијата. Во периодот помеѓу двата празника на единицата обуката, вежбите, гаѓањата, маршевите и проверката на физичката подготвеност ги реализравте со висок интензитет и како баталјон бевте иницијатори на многу активности поврзани со обуката. На полето на соработката со цивилните структури како единица бевте исклучително активни помагајќи секаде кадешто беше потребно заради што секојдневно добиваме признанија и пофалби како од државниот врв така и од локалната власт но и целокупната јавност, рече полковник Симоновски.

Во рамките на одбележувањето на Денот на единицата повеќе офицери, подофицери и војници од 3.мпб добија унапредувања, награди, пофалби и други стимулативни мерки.

За најдобар вод беше прогласен водот за огнена подршка од првата механизирана пешадиска чета за покажаните извонредни резултати и залагањето на неговите припадници во планските гаѓања со личното и колективното вооружување поради што го добија преодниот пехар и знамецето  за најдобар вод. 

Придонес во одбележувањето на овој ден дадоа со својот настап пред построените војници и други гости членовите на КУД Брвеница. Пред присутните гости и старешини потоа беше организирано и свечено дефиле на сите единици на 3.мпб. По завршувањето на официјалниот дел од свеченоста беше организаран тактичко-технички збор со дел од вооружувањето и опремата со што располага баталјонот. ас/сст/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ