Во полошко полицијата за шест месеци открила 1.118 возачи без дозвола

Во полошко полицијата за шест месеци открила 1.118 возачи без дозвола

Тетово, 28 август 2018 (МИА) – Полицијата на тетовското подрачје во првите шест месеци од годинава открила 597 возачи без положен возачки испит и валидна дозвола. Бројката на вакви „диви“ возачи фатени во гостиварско во истиот период изнесува 521, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека главно станува збор за лица кои управувале патнички возила, мотоцикли, а неретко се среќаваат зад волан и на комбиња, камиони, па дури и на автобуси. Најголем број од овие лица, појасни, се на возраст од 17 до 30 години од кои не мал број годинава биле и непосредни учесници во сообраќајни несреќи меѓу кои и со посериозни, смртни последици.

Тој најави дека и во следниот период ќе продолжат контролите во чие средиште се возачките дозволи и кои на тетовско-гостиварските простори ќе се спроведуваат со зголемен интензитет и динамика.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 225) за прекршокот управување без возачка дозвола предвидена е парична глоба од 300 евра во денарска противвредност, а исто толку изнесува и глобата за лицата кои ќе ги дадат на користење возилата на тие кои не поседуваат возачка дозвола. ас/рп/09:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...