МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 28 август 2018 (МИА) - На магистралниот пат Градско - Прилеп во близина на бензинската пумпа “Лукоил“, вчера во 11:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Даф“ со приколка „Коегел“, со радовишки регистерски таблици управувано од Ј.П.(26) од Радовиш и патничко моторно возило „Фиат Фиорина“ со прилепски регистерски таблици, управувано од П.Т.(51) од Прилеп. Oд здобиените повреди на местото на настанот починал возачот П.Т.. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 7:40 часот во Полициската станица Кочани, К.Т.(37) пријавил дека од 20 август 2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сестра Л.Т.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово, А.М.(41) пријавил дека на 20 август од „Прима-Центар“ во Тетово се оддалечила неговата сопруга С.Џ.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 12:10 часот во Полициската станица за Граничен премин Богородица било добиено известување дека на царинскиот терминал Богородица при преглед на товарно моторно возило „Сканиа“‘ со ирански национални ознаки управувано од М.М.(32) во горниот дел на приколката биле откриени три лица илегални  мигранти. На местото на настанот бил испратен патролен тим од Полициската станица за Граничен премин Богородица по што било констатирано дека се работи за три лица од Авганистан, по што возачот и илегалните мигранти биле приведени и со потврда за предадени лица биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Михајлово. бк/11:10

###

 

      

                                                                                                       

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ