Словенечката министерка за одбрана во посета на Македонија

Словенечката министерка за одбрана во посета на Македонија

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич.

Таа ќе има средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што ќе следува средба на двете делегации и ќе биде потпишан меморандум за разбирање. Според агендата, предвидени се и изјави на двете министерки. 

Официјалниот пречек на министерката Катич и словенечката делегација ќе биде организиран пред Министерството за одбрана во 09:30 часот. бак/са/07:30

###

   

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ