МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Тракторист вчера во 11:40 часот на локалниот пат село Нерези-село Крушопек изгубил контрола над тракторот и се превртел. 

Педесет и едногодишниот Ф.М. со тешки телесни повреди е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му е укажана лекарска помош.  

Вчера во 20:15 часот на улицата „Христо Татарчев“ се случила сообраќајна незгода во која Џ.П.(51) од Велика Британија, со место на живеење во Р. Бугарија, управувајќи патничко моторно возило „Мицибуши“ со бугарска национална ознака удрил во велосипедист М.П.(39) од Скопје.

По незгодата велосипедистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Во атарот на село Вевчани вчера од 12 до 12:45 часот избувнал пожар во поле со лозов насад при што биле опожарени три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга - Лабуништа, при што биле опожарени вкупно 7.500 лозници.

Во 16:30 часот од екипа на Противпожарна единица Струга пожарот е локализиран. Извршен е увид на местото на настанот.

Во помошна просторија која била користена како кујна на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ вчера во 20:55 часот избувнал пожар кој се проширил и ја зафатил гаражата во која имало патничко возило „волво“ кое било опожарено во предниот дел. 

Во 21:55 часот од екипа на Противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат.

Во полициската станица во Прилеп вчера во 19:30 часот, В.Д.(40) пријавила дека на 26 август во времето од 03 до 08 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Г.Д.(47).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. бак/09:55

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...