• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Британец со автомобил удрил во велосипедист

Британец со автомобил удрил во велосипедист

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Британец синоќа возејќи автомобил „мицибуши“ удрил велосипедист на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје по што повредениот велосипедит е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и задржан на лекување.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека сообраќајката се случила вчера во 20:15 часот кога 51-годишниот Џ.П. од Велика Британија со место на живеење во Бугарија удрил во 39-годишниот М.П. 

Велосипедистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот. бак/сд/09:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ