• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во пожар во Вевчани опожарени 7.500 лозници

Во пожар во Вевчани опожарени 7.500 лозници

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Во пожар кој избувна вчера во атарот на селото Вевчани опожарени се три парцели со лозов насад и парцела покрај регионалниот пат Струга-Лабуништа, при што биле опожарени вкупно 7.500 лозници.

Како што соопшти денеска МВР, пожарот избувнал од 12 до 12:45 часот, а бил локализиран во 16:30 часот од екипа на Противпожарната единица Струга.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. мд/са/10:11

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ