• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Шекеринска: Словенија е најдобар показател на формулата за успех, Македонија знае дека тоа е вистинскиот пат (видео)

Шекеринска: Словенија е најдобар показател на формулата за успех, Македонија знае дека тоа е вистинскиот пат (видео)

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Словенија ја потврдува поддршката за евроатланската интеграција на Македонија и заедно со државите членки на НАТО се надева дека Македонија успешно ќе го помине тој пат, а граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на референдумот во септември и наскоро ќе седнете на истата маса како полноправна членка на НАТО.

Ова го порача денеска министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катич која престојува во официјална посета на Република Македонија.

Шекеринска и Катиќ

- Словенија го поздравува договорот со Република Грција. Се разбира дека требало попуштање и од двете страна, но јазикот ќе остане и натаму македонски, националноста македонска и се надевам дека македонските граѓани на референдумот ќе го направат вистинскиот избор. Сите членки на ЕУ сметаат дека македонската Влада добро ги спроведува активности кон нејзиното идно членство во Алијасната. Референдумот е институт на демократскиот поредок и овозможува изразување на волјата на народот. Затоа е уште поважно гараѓаните на Македонија да учествуваат на него и да ја изразат нивната волја, изјави министерката Катич на заедничката прес-конференција со нејзината македонска колешка Радмила Шекеринска.

Шекеринска потенцира дека Македонија треба да го следи примерот на Словенија и да ја примени нејзината формула за успех, која, според министерката е вистинскиот пат за земјата и дека граѓаните треба на референдум да потврдат дека сакаат таква иднина.

- Македонија и Словенија по независноста избраа ист пат, но за жал со различна брзина. Словенија беше државата која прва стана членка на НАТО и прва се приклучи на ЕУ. И не случајно е што Словенија ги има највисоките и просечни и минимални плати во регионот и најдобрите стандарди во делот на областите што се важни за граѓаните.  Примерот со Словенија е најдобар показател за формулата за успех и за нас. Македонија знае дека тоа е вистинскиот пат и убедени сме дека на 30 септември граѓаните на референдум ќе потврдат дека посакуваат таква иднина за себе, за своите семејства, за своите деца, истакна министерката Шекеринска.

Двете министерки денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се унапредува и досега добрата соработка во одбраната меѓу двете земји.

Шекеринска очекува дека Меморандумот што се потпиша денеска меѓу една земја членка на НАТО и земја аспирант,  дека на крајот на неговата реализација тоа ќе биде соработка меѓу две полноправни  членки на НАТО.скс/сд/12:14

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...