МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 јуни 2018 (МИА) - Две маскирани лица вчера околу 10:30 часот со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената во  казино на улица „Народен фронт“ и од касата одзеле околу 50.000 денари, по што со употреба на физичка сила од А.Ф.(24) од Радовиш и М.Н.(29) од Скопје, кои биле посетители во казиното, одзеле вкупно 5.500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

Четири непознати лица вчера околу 22:20 часот физички го нападнале А.Т.(33) од село Марино, пред угостителскиот објект на улица „500“ во скопското село Марино, по што со возило го напуштиле местото на настанот. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на доктор му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на настанот.

Ј.Љ.(52) од село Јанчиште, вчера околу 15:30 часот пријавила дека во киоск на улицата „18 Ноември“ во Гостивар влегло непознато машко лице, купило две штеки цигари и платило со банкнота од 100 евра, а таа му вратила 3.300 денари. Откако лицето го напуштило објектот, Ј.Љ. утврдила дека банкнотата е фалсификувана. Се работи на расчистување на случајот.

Воспитувач во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, вчера во 20:20 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на 27 август во 19:30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17 годишна штитеничка на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вработен во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“, завчера во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на 26.08.2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.

Полициски службеници од Полициска станица Гостивар, вчера околу 16:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го привеле С.М.(55) од село Корито, гостиварското осуден на тригодишна затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“. По приведувањето и кусото задржување, реализирани со судска наредба, С.М. е предаден за издржување на затворската казна во КПУ „Тетово“.

Риболовец вчера околу 18:30 часот, во коритото на река Вардар, покрај патот Јегуновце - Радуша, во месноста „Синанови ливади“, пронашол експлозивно средство. Станува збор за граната за рачен фрлач (РПГ), која била значително корозирана. Извршен е комплетен увид, а гранатата е подигната и предадена на Дирекцијата за заштита и спасување.

Г.Н.(48) утринва во 1:30 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека вечерта околу 00:10 часот на булевар “АВНОЈ“ додека се движел со неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

И.К.(27) вчера во 15:20 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека ноќта околу 3:00 часот додека се движел по улица „Коперникова“ бил нападнат и каснат за левата нога од куче-скитник.

И.Д.(42) вчера во 18:25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека дента околу 17:20 часот бил физички нападнат со тупаница во пределот на главата од страна на И.А. од Скопје додека бил на своето работно место на шанкот во угостителски објект на булеварот „Јане Сандански“. Причина за физичкиот напад, според пријавеното, биле нерасчистено должничко доверителни односи. Се работи на целосно расчистување на случајот. 

В.П. вчера во 20:44 часот во Полициска станица во Скопје пријавила дека во семејната куќа лоцирана во скопско село нејзиниот 14 годишен син се обидел да изврши обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

М.С.(32) од село Издеглавје, вчера во 15:03 часот во Полициска станица Охрид, пријавила дека З.Ј.(79) од село Издеглавје, физички го нападнал неговиот брат Р.Ј.(81) и со предмет го удрил во пределот на главата, по што Р.Ј. изгубил свест. По ова, тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде е задржан на лекување, додека З.Ј. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Н.С.(39) од Прилеп, вчера во 17:00 часот во Полициска станица Прилеп, пријавил дека дента околу 16:00 часот во село Прилепец, прилепско во дворот на манастирот „Св. Никола“, С.К., физички го нападнал неговиот брат Т.С. од Прилеп, нанесувајќи му повреди во пределот на главата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против лицето Г.П.(41) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин” казниво по член 236 став 3 од Кривичниот Законик. Пријавениот на 12 август на улица „Булевар Македонски Просветители“ со намера да се стекне со противправна имотна корист, на оштетената С.И. од Охрид од рака насилно и го отргнал најлонското ќесе во кое имало чанта со пари.

Секторот за внатрешни работи Битола поденсе кривична пријава против Т.Н.М.(54) од Битола, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 18 мај годинава во Битола на улица „21-ва“, пријавената поради нерасчистени имотно-правни односи со С.Р.(74), предизвикала пожар на неговото патничко возило, на начин што го скршила стаклото и со употреба на непозната течност го запалила возилото.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против И.М.(24) од село Моноспитово, струмичко за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“ и „оштетување или повластување на доверители“, против М.Ж.(43) од село Моноспитово, струмичко за сторени кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, против ДПТУ „ЕНЕРГО КОМПОСТ“ ДООЕЛ село Моноспитово за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против Ј.М.(48) од село Моноспитово, скопско за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „намерно предизвикување стечај“, „оштетување или повластување на доверители“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“. Првопријавениот, како управител на правното лице „Јохан Промет“ ДООЕЛ село Моноспитово, кое постоело до 01.03.2016 година, со изјава потврдил лажно побарување од 575.251 денар од третопријавеното правно лице, во кое сопственик и управител била второпријавената. На 01.10.2014 година склучиле договор за компензација, за наведениот износ, а потоа на 14.11.2014 година истите склучиле договор за купопродажба на машина „БРЕНТА – Шумска Кралица АХД 1000“ за несразмерно ниска вредност, помеѓу „Јохан Промет“ ДООЕЛ, како продавач и второпријавената, како купувач, за што дел од паричните средства во износ од 255.000 денари, третопријавеното правно лице ги уплатило без соодветен договор за отстапување на побарувања-цесија. Со ова, правното лице „Јохан Промет“ станало неспособно за подмирување на давачките, и на 10.11.2015 година, од страна на првопријавениот бил поднесен предлог за отварање на стечајна постапка за правното лице „Јохан Промет“. Второпријавената, како управител на третопријавеното правно лице ДПТУ „Енерго Компост“, без да склучи соодветен договор за пренесување на побарувањата – цесија, од сметката на третопријавеното правно лице извршила уплата на 255.000 денари на правното лице „Јохан Промет“. Потоа, на 01.12.2014 година од страна на „Брокер Консалтинг“ ДООЕЛ Струмица била извршена проценка на наведената машина, истата била проценета на вредност од 1.180.800 денари, по што од страна на второпријавената, била префрлена на третопријавеното правно лице и со оваа постапка е извршено зголемување на основната главнина на третопријавеното правно лице од 307.000 денари на 1.487.800 денари, односно за износот на вредноста на наведената машина. Четвртопријавениот, како сопруг на второпријавената и татко на првопријавениот, дејствувал како сопственик и управител на наведените правни лица, односно имал особен придонес при извршувањето на наведените кривични дела, и покрај тоа што прво и второпиријавената евидентирале како сопственици и управители на истите.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(59) од Охрид за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид, не поставила соодветно лице вработено во ЈЗУ Општа Болница Охрид, во отсекот за финансии и сметководство за да ја сработи и поднесе годишната завршна сметка за 2015 година, во законски предвидениот рок, за што на ЈЗУ Општа Болница Охрид му била изречена казна за задоцнување за поднесување на завршна сметка од 60.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(59) од село Ботун, охридско за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”. На 13/14.08.2018 година пријавениот, како чувар на стовариште на ЈП „Македонски шуми” во Охрид на улица „15-ти Корпус”, без известување на претпоставен и без да обезбеди соодветна замена, го напуштил работното место, при што од страна на непознат сторител од стовариштето била одземена приколка со буково огревно дрво, која од страна на вработени во шумска полиција била одземена поради нелегален превоз.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Г.М.(50) во Кривогаштани за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 24.07.2017 година во Кривогаштани, од страна на полициски службеници, при контрола на товарно возило „МАН”, сопственост на пријавениот, од кое се растоварале дабови огревни дрва, било констатирано дека истиот не поседувал соодветна лиценца за превоз од Министерството за транспорт и врски на РМ. вј/15:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...