• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Спасовски: Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени

Спасовски: Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи. Полицијата презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите. 

Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на средбата со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговарало за случаите со нападите врз новинарите во последните пет години, говорот на омраза и повици за насилство врз новинарите,  како и мерките кои ги презема МВР за зголемување на безбедноста на новинарите при известување од јавни собири.

Како што соопштија од МВР, Спасовски информирал дека веќе се имплементираат проекти во соработка со ОБСЕ и Здружението на новинарите на Македонија за зголемување на безбедноста на новинарите и нагласил дека соработката со Македонската асоцијација на новинари дополнително ќе придонесе за тоа. бк/са/16:16

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...