• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Пешак и возач на мотор тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Пешак и возач на мотор тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Две лица од кои еден пешак и еден возач на мотор се тешко повредени во две сообраќајки што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа.

Според билтенот на СВР Скопје, во изминатото деноноќие се случиле вкупно 12 сообраќајки во кои со лесни повреди се здобиле четири лица, а во осум сообраќајки е причинета материјална штета.   

Дваесет и двајца возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.

Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни возила и 13 нерегистрирани возила. 

Сообраќајната полиција има издадено 60 казни за непрописно паркирање, а 50 возила биле подигнати со специјалното возило „пајак“.

На црвено светло на крстосница поминале пет возачи. бак/са/08:44

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...

Јакната на Хан Соло на аукција, се очекуваат 1,3 милион долари

Јакната што Харисон Форд ја носеше глумејќи го лик...