МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 август 2018 (МИА)Љ.А.(34) од село Седларево, управувајќи патничко моторно возио „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки, синоќа околу 0:10 часот се излизгал од коловозот на локалниот пат село Групчин – село Седларево на влез во село Седларево, тетовско, удрил во дрво и се превртел. Од здобиените повреди Љ.А. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници Ш.А.(37) и И.И.(23) се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клинички центар Тетово, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Извршен е увид на местото на настанот.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улица „23 Октомври“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хундаи“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.П.(29) од Скопје и моторцикл „Априлиа“ со скопски регистерски ознаки управуван од Д.Л.(60) од Скопје. Во незгодата Д.Л. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера околу 8:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Борис Сарафов“ патничко моторно возило „Рено Твинго“ со скопски регистерски ознаки управувано од З.Б.(77) од Скопје удрило во пешак Д.П.(73) од Скопје кој по незгодата со возилото го напуштил местото на настанот. Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во помошни простории во дворот на куќа во село Ѓавато, битолско, сопственост на П.К.(61) од Битола вчера околу 21:00 часот избил пожар, при што се целосно опожарени. Повредени лица нема. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Битола. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

На М.М.(78) од Прилеп, кој бил непосредно до брегот на Охридското Езеро, вчера околу 10:30 часот му се слошило и паднал во водата. Од присутните граѓани бил изваден од водата и му била укажана помош, по што пристигнала екипа од Итна медицинска помош и бил пренесен во Општа болница Охрид, каде била констатирана смрт. Извршен е увид.

Вчера во 20:02 часот пријавено е дека на „Јадранска магистрала“ пред Граничен премин „Блаце" во движење се запалило патничко моторно возило „Јагуар“ со француски национални ознаки, управувано од Б.М.(37) од Франција. Додека се движел со возилото, дошло до опожарување во надворешниот дел во пределот на клима уредот, а потоа избил пожар и во внатрешноста. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема.

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: четири управувале моторно возило под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 18 возила од кои 13 биле нерегистрирани, а пет биле технички неисправни. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, шест поради неправилно престигнување и девет возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Издадени се 60 мандатни платни налози, додека 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак". вј/10:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...