• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Марихуана и канабис сатива пронајдени во дом на 67-годишен жител на велешко Крајници

Марихуана и канабис сатива пронајдени во дом на 67-годишен жител на велешко Крајници

Велес, 30 август 2018 (МИА) - При претрес на домот и имотот на лицето Т.К.(67) во велешкото село Крајници полицијата вчера пронашла и одземала 130 стебла од растението – канабис сатива и 2,5 килограми марихуана. 

Како што информираат од СВР Велес, при претресот се пронајдени четири вреќи полни со растението канабис сатива од кое се произведува опојната дрога - марихуана и педесеттина помали кеси со истото растение во исушена форма со тежина од околу 2,5 килограми.

Против 67 годишниот Т.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основен суд – Велес. ад/вј/13:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ