МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Во близина на влезот во железничката станица Смоквица, утринава околу 5 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. Според кажување на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години од Алжир. Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општа Болница Гевгелија, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување. Извршен увид на местото на настанот.

Вчера околу 19:30 часот С.Р. пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот во Скопје на улица „Среќко Пужалка“ во дворот од семејната куќа, нејзиниот свекор Т.Р.(84), бил погоден од залутано зрно по што зрното удрило во ѕидот од куќата, и завршило во внатрешноста на фасадата. По ова, од страна на доктор од Итна медицинска помош кај Т.Р. биле констатирани телесни повреди во пределот на  десното рамо. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Вчера околу 3 часот во Крива Паланка на место викано „Бабин Дол“, Д.М.(39) од село Мартиница физички нападнал полициски службеник при вршење на службена должност. Д.М. бил приведен и задржан во Полициска станица Крива Паланка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Вчера во 20:40 часот  во Струга на улица „Петре Ѓончески Гиле“, од страна на полициски службеници при преглед над  Р.Ш.(27), била пронајдена марихуана, по што бил извршен претрес во домот на истиот, каде исто така била пронајдена и одземена марихуана  и  дигитална вага. Р.Ш. бил приведен во Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Вчера околу 15:10 часот во казино на улица „Кеј 13ти Ноември“, лицето И.С.(66) од Скопје, по претходна расправија, физички го нападнал Б.Х.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 13 часот Д.С.А.(42) од Скопје пријавил дека на 27 август околу 3 часот од дворот на улица „Алија Авдовиќ“ непознат сторител одзел патничко моторно возило „Јагуар“ со скопски регитарски ознаки, сопственост на неговиот брат. Се  преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 1:30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Н.(48) од Скопје пријавил дека истиот ден десет минути по полноќ на булевар „АВНОЈ“, неговиот тригодишен син, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.З.(38) од Куманово поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба”. На 22 август околу 18:15 часот во Куманово на улица „Игор Тричковиќ“, во куќа на Ј.К.(57) , додека истата била во подрумот, влегол пријавениот  со образложение дека бара негов пријател, ја турнал оштетената и и одземал парични средства.

Секторот за внатрешни работи  Штип поднесе кривична пријава против  Д.Е.(32) од Штип, за сторено  кривично дело „насилство“. На 15 август околу 23:55 часот во Штип на улица „Сутјеска“ по вербална расправија во врска со паркирање на возило, пријавениот почнал да удира по стаклото од возилото на М.Д.(21) од Штип по што физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди. При тоа, откако М.Д. побарал помош од присутните граѓани, пријавениот со рачка од секира замавнал кон него но оштетениот успеал да ги избегне ударите. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против ШВ.(38) од село Поум, струшко за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 10 август околу 20:30 часот, во село Ложани, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Голф“, управувано од пријавениот, кое било натоварено со дрва без соодветна документација.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријавапротив М.П.(36) од Куманово, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 28 август во Куманово од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени  410,83 грама  марихуана, саксија со растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, дробилка со остатоци од растението Cannabis, луле со остатоци од мешавина на тутун и Cannabis и дигитална вага, додека при преглед на патничко возило „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред неговиот дом била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „ТОЗ“ калибар 16 мм.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш  поднесе  кривична пријава против У.У.(30) од  Радовиш, за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“. На 12 јули во 9:30 часот, во Радовиш на улица “Св. Спасо Радовишки“, од страна на  полициски службеници при сообраќајна контрола, на  патничко возило “Форд Транзит“, управувано од пријавениот, истиот на увид прикажал фалсификувана германска возачка дозвола. бк/14:59

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...