Министерот Спасовски во работна посета на Неготино

Министерот Спасовски во работна посета на Неготино

Неготино, 30 август 2018 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети неготинската полиција, а оствари средба и со градоначалникот Тони Делков.

По средбата, Делков информираше дека со министерот Спасовски разговарале на повеќе теми.

- Го запознав за моменталната состојба во општина Неготино, како за претходното работење, така и за моменталните работи кои се одвиваат. Разговаравме и за безбедноста и нашата комуникација со ОВР Неготино. Разговаравме и за проблемите кои ги имавме во делот на пожарникарската служба. Ние добивме уверување од министерот дека ќе се заложат и дека се во тек разговори за надминување на овие проблеми кои не се проблеми само во Неготино, ами ги има и во цела земја. Благодарен сум на министерот за неговата ажурност да биде поблиску како до институциите, така и во општините и да добие поточни информации за безбедноста на граѓаните и нивните потреби, нагласи Делков.

Задоволство од средбата изрази и министерот Спасовски, велејќи дека тоа е еден концепт на раководството на МВР, директно на терен да разговара со луѓето, со вработените во МВР и со локалната самоуправа.

- Затоа што од исклучителна важност за безбедноста на граѓаните е да ја вратиме и да ја обновиме врската помеѓу граѓаните и македонската полиција, враќањето на довербата кај полицијата, на соработката и со тоа да допринесеме кон побезбедни градови, кон побезбедна држава, информираше Спасовски.

Од командирот на ПС бил информиран дека има поволна бебзедносна состојба во општина Неготино.

- Задоволство е што во рамките на криминалитетот имаме опаѓање, меѓутоа многу важно е зголемување на ефикасноста на работењето на полицијата, значи откривање на сторители по поднесени кривични пријави, кое што е во нагорна линија. Посебно потенциравме дека треба да се посвети внимание на работењето на полициските службеници и по односот на полицајците спрема граѓаните во Неготино. Како еден од клучните приоритети разговаравме за подобрување на условите за работа и генерално на статусот на полициските службеници. Како заклучок, имаме добра ситуација која што треба да продолжи и понатаму да се развива. Во делот со разговорите со градоначалникот ме информираше за состојбите, за соработката која што ја имаат со ПС во Неготино,за потребите на локалната самоуправа, рече Спасовски.

Изрази задоволство затоа што слушнал за многу проекти кои што се од интерес на граѓаните.

- Сакам да истакнам и како заменик претседател на Владата, дека ќе направиме се, овие проекти да ги помогнеме да ги реализираме. За граѓаните на Неготно да почувствуваат промени, подобрување на условите за живот во општината. Ние договоривме повеќе работи кои се однесуваат на взаемната соработка помеѓу полицијата и локалната самоуправа, очекувам дека во наредниот период ќе бидеме во постојана комуникација и координација за решавање на тие проблеми кои ги имаме. Се со цел да ги оставриме очекувањата на граѓаните, додаде министерот.

Спасовски во Неготино

На новинарско прашање околу тројното убиство во Дебар, тој рече дека истрагата е во тек, се превземаат сите дејствија по насоки на Јавното обвинителство и кога ќе има нови информации во однос на овој случај, ќе информираат благовремено.

На прашање за подготвеноста на МВР да одговори на сите предизвици поврзани со претстојниот референдум, Спасовски рече дека референдумот е исто како и секој изборен процес. МВР се подготвува во овој процес да обезбеди мирна стабилна состојба, се со цел граѓаните да можат самостојно да донесат одлука без притисоци.

- Ние веќе постапуваме врз основа на подготовка на планови, активности, прирачници за тоа како треба да постапуваат полициските службеници. Знаете ситуацијата во Република Македонија од безбедносен аспект е стабилна и јас очекувам дека овој историски момент, одржувањето на референдумот ќе биде правилно разбран од граѓаните. Дека оваа шанса која ја имаме да ја интегрираме Република Македонија во ЕУ и НАТО, ќе биде мотивација за секој граѓанин да излезе и да го каже својот сопствен став, а тоа нормално мора да биде во атмосфера која ќе гарантира стабилност, мир и можност секој граѓанин да ја донесе одлуката самостојно, дециден беше министерот Спасовски. свд/дма/14:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...