• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Шекеринска: Членството во НАТО ќе значи помодерна и подобро платена Армија (видео)

Шекеринска: Членството во НАТО ќе значи помодерна и подобро платена Армија (видео)

Прилеп, 30 август 2018 (МИА) - Состојбите во економскиот сектор и моменталната општествено - политичка ситуација во државата, во овој историски момент, пред влез на Македонија во НАТО и ЕУ и пред Референдумот беа темите во фокусот на денешната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со приелпскиот градоначалник Илија Јованоски.

Според Шекеринска, Прилеп е најдобриот пример за цивилно-воена соработка помеѓу прилепската касарна и локалната самоуправа и покажува дека кога се работи заедно, со една цел, одличните резултати брзо се видливи.  

- Денеска и официјално почнува дискусијата во Македонија, околу историското прашање и историската одлука која нашата држава треба да ја донесе. Општина Прилеп, само во последниот период искористи околу 20 милиони евра европски пари за решавање на проблемот со пречистителната станица, 10 милиони евра се инвестирани во „Дата центарот“во Прилеп, 10 милиони евра се инвестираат во системот за заштита од поплави, поврзан со цела Пелагонија. Тоа се 40 милиони евра европски пари, кои влегуваат во Прилеп и Прилепско само за три големи проекти, изјави Шекеринска.

Тоа на прв поглед, рече, е многу, меѓутоа ако ги споредиме со оние 5 милијарди евра, што Словенија успеа да ги искористи само во првите неколку години на користење европските кохезиони фондови, ни покажува кој е потенцијалот и шансата што Македонија ќе ја има на 30 септември, кога ќе ја носиме одлуката дали сме, или не, за европска Македонија. 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на Прилеп прво ја посети касарната „Мирче Ацев“ каде, како што рече, се разговарало за проблемите со кои се соочува АРМ и за придобивките од членството во НАТО, што првин позитивно ќе ги почувствуваат сите припадници на АРМ.

- Оваа година, поради покачувањето на буџетот за 15 отсто, успеавме да решиме два долгогодишни проблема. Прв пат после многу години се зголеми платата на припадниците на АРМ за 10 отсто и за прв пат пред два месеца почна исплатата на сите дежурства и дневниците поврзани со нив. Ова значи плус за стандардот на припадниците на АРМ, плус за Армијата, плус за Република Македонија која многу ја цени својата Армија и нејзините припадници. Членството во НАТО ќе значи подобра, помодерна, подобро платена Армија. Затоа сум убедена дека на 30 септември граѓаните на Прилеп и другите општини ќе го направат изборот, со кој Македонија ќе ја потврдиме, дека ќе има НАТО и европска перспектива, зголемена безбедност, повисоки инвестиции, подобри плати и повеќе работни места, рече Шеќеринска.

Шекеринска прилеп

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски битно е сите да излеземе на референдум и да го дадеме гласот за европска Македонија.

- За да останат младите во Македонија, за да се променат кон подобро работите во државата, затоа што под чадорот на големите сојузи, како што се НАТО и ЕУ, придобивките што ќе ги имаме како држава и како град се големи. Јас се надевам дека во вистинско време ќе го направиме вистинскиот потег, дека нема да се криеме зад никого, дека ќе излеземе на референдум и ќе гласаме „за“, за иднината на европска Македонија, рече Јованоски.

Шекеринска денеска имаше средба со членовите на Сојузот на борците на која присуствуваа и претставници на здруженијата на бранители и на прилепското Здружение на пензионери. На средбата, таа потсети дека се чувствува посебно горда што Владата успеала да исправи неколку неправди, меѓу кои и доделување на простории на Сојузот на борци на Македонија.

Министерката за одбрана и припепскиот градоначалник вечерва имаа и средби со граѓани на платото пред Градскиот саат во Прилеп. ем/сст/17:40

Видео изјава Радмила Шекеринска

 

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ