• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Вчера околу 11,00 часот било пријавено дека во струшкото село Мислешево патничко моторно возило „Шевролет Лачети“ со струшки регистерски таблици, управувано од Б.Ш.(22), удрило во пешакот О.Ш. (79), и двајцата од село Мислешево. Во незгодата О.Ш. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Медицинскиот центар во Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
                                          
Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 18.05 часот било пријавено дека во село Сарај патничко моторно возило “Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од село Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од с.Сарај. По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.

Вчера во 14,25 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во село Марино се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Застава 101“ со скопски регистерски таблици, управувано од Т.С.(71) од Скопје и паркирано товарно моторно возило “Волво“ со регистерски таблици на Македонска Каменица, во која повреден бил и пешакот Б.М.(39) од Македонска Каменица. По незгодата со возило на Итна медицинска помош помош Т.С., пешакот Б.М. и сопатничката од возилото “Застава 101“ В.С.(76) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде од страна на лекар на Т.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на пешакот Б.М. и сопатничката В.С. телесни повреди. На местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 17,00 часот било пријавено дека во село Нерово-крушевско, избувнал пожар во плевна сопственост на С.Ј.(63), и изгорело околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“ (делумно изгорен), патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15.000 евра. Во 19,00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Тетово вчера во 21,30 часот бил задржан Р.Р. (21) од Република Албанија, кој бил без документи за идентификација, бидејќи го нарушувал Јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување  во маркет лоциран во село Мала Речица, како и за нелегален престој во Р.М.    

Денеска во 00,10 часот на Граничниот премин-Табановце, на излез од Република Македонија, при пасошка контрола на A.K.(20), P.A. (23) и уште едно 17 годишно лице сите од Република Албанија, било утврдено дека патните исправи на двајца од нив се фалсификувани, додека патната исправа на третото лице не била негова. Лицата со потврда за предавање на лице, биле предадени наполициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.


Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 15 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, осум со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 11 со лесни телесни повреди. 44 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 16 возачи бидејќи 11 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца го управувале возилото под дејство на алкохол.  18 возила се исклучени од сообраќај бидејќи девет биле нерегистрирани и исто толку технички неисправни. Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле и шест не користеле заштитен шлем. Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози,  додека исто така 64 возила се подигнати со "Пајак". аа/09:37

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ