• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Во периодот од 22.30 часот на 30.08.2018 до 02.00 часот на 31.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки. Од страна на полициски службеници привремно се задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправности и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок. По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

На 30.08.2018 година во 16,20 часот во Полициската станица Охрид, М.Г.(30) од с.Радолишта-струшко со привремен престој во Охрид пријавила дека нејзиниот сопруг Д.Г. од Призрен-Косово противправно го одзел нивното едногодишно дете. Имено додека таа била на работа, Д.Г. го зел детето, а потоа не одговарал на телефонските повици, а воедно ги зел и патните исправи (на детето и неговата) како и кредитните картички. Се преземаат мерки за  целосно расчистување  на случајот.

На 30.08.2018 година во Прилеп на улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од С.Ј.(63) од Прилеп и мотоцикл „Шерк“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(61) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот. Тој бил пренесен во Градската болница-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување  на случајот.

На 30.08.2018 околу 10,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, на местото викано „Жировничко анче“, патничко возило „Мерцедес“ со српски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(72) од Прешево, удрило во металната ограда од мост. Од ударот возачот и сопатничката Р.А.(74) од Прешево се здобиле со повреди и по укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше биле префрлени и задржани во болницата во Дебар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, се работи на целосно расчистување на случајот. 

На 30.08.2018 година во 16,30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип од слобода го лишиле лицето Д.В.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 26.08.2018 година  околу 23,00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип пријавениот извршил разбојништво над вработен во ЈП „Исар“-Штип, по што и физички го нападнал. Од нападот работникот се здобил со тешки телесни повреди. Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

На 30.08.2018 година во 21,30 часот во Полициската станица Карпош, А.Ш.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19,10 часот на булеварот „8-ми Септември“ со нож бил прободен во грб од страна на лицето А.С. од Скопје. А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед. Во тоа време до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе  кривична пријава  против А.А.(33) од Кичево, за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“. На 23-ти овој месец во Кичево од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот, истиот давал пасивен отпор и со туркање ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Пријавениот од работната маса во кујната зел две кеси со бела прашкаста материја и ги фрлил во тоалетот, но бил спречен да пушти вода. При претресот биле пронајдени и одземени одредена количина кокаин, марихуана и 188.100 денари, два мобилни телефони и сим картичка. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е определена мерка притвор од 30 дена.

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Д.Н. (52) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “обљуба врз немоќно лице“ и “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Во периодот од 2016 година до јуни 2018 година во село во Кавадарци пријавениот злоупотребувајќи го заостанатиот душевен развој на оштетената и нејзиниот син, во повеќе наврати извршил обљуба и други полови дејствија над истите. Исто така, во наведениот период, пријавениот извршил обљуба и други полови дејствија и над малолетната ќерка на  оштетената.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 14.08.2018 година околу 17,00 часот во Куманово на улицата „Перо Чичо“ по претходна вербална расправија, пријавениот физички ја нападнал А.Н. при што и нанел тешка телесна повреда.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривичнa пријавa против Б.П. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.08.2018 година на улицата ”Христијан Тодоровски – Карпош”, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш и семки од растението канабис.

На 30.08.2018 година околу 23 часот на патниот правец од Дојран кон Валандово, од страна на полициски службеници, биле забележани две возила „Ауди“ како се движат со голема брзина, при што на даден знак „стоп“ истите не застанале и продолжиле да се движат во правец кон Валандово. Полициските службеници се упатиле по нив при што едното возило било забележано како се упатува кон Струмица, додека другото кон Валандово. Во 23.20 часот во центарот на Валандово пронајдено било едното возило, а во багажникот од возилото е пронајдено лицето Ф.Д.(26) од Еритреа. Извршен бил увид на местото на настанот, а лицето било однесено во Полициската  станица на Граничниот премин Богородица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(60) и З.П.(55), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “предизвикување опасност при градежни работи“ и “повреда на правата од работен однос“ и против ДУТП „Вис Про Инженеринг“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“. Првопријавениот, како вработен, а второпријавената, како сопственик и управител на третопријавеното-правно лице, во почетокот на јуни 2018 година, спротивно на  Законот за работните односи, односно без да склучат договор за вработување со С.Д., Д.М. и Ј.Д. сите од Куманово, истите ги ангажирале во третопријавеното правно лице.  На 08.06.2018 година во Куманово на улицата “Никола Спасиќ”, при извршување на градежни работи, пријавените не превзеле соодветни мерки за заштита на работниците, при што врз С.Д. паднала бетонска плоча, и од нанесените повреди тој подоцна во текот на денот починал.сст/са/13:10

###

                                                                                                      

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ