• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Скопјанец прободен со нож на бул. „8-ми Септември“

Скопјанец прободен со нож на бул. „8-ми Септември“

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Скопјанецот А.Ш.(32) синоќа, околу 19 часот, со нож бил прободен во грб од лицето А.С. од Скопје на булеварот „8-ми Септември“.

Како што соопшти денеска МВР, А.Ш. синоќа, во 21:30 часот, го пријавил случајот во Полициската станица Карпош.

Синоќа А.Ш. со неговиот другар Е.Ш. возеле велосипед, а до нив се доближило патничко возило „Форд“ со непознати регистарски ознаки, во кое бил А.С. и уште четири непознати лица. Додека возилото било во движење, А.С. го отворил прозорецот и со нож го прободел А.Ш. во грбот, а го погодил и неговиот другар.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. мд/са/13:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ