• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Подготовки на полицијата во полошко во пресрет на почетокот на учебната година

Подготовки на полицијата во полошко во пресрет на почетокот на учебната година

Тетово, 31 август 2018 (МИА) - Со увид на улиците и тротоарите што водат кон училиштата во полошко Секторот за внатрешни работи Тетово забрзано ги финализира дел планираните сообраќајно -превентивни подготовки и други активности пред почетокот на новата учебна година, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

- Целта на овие теренски активности е навремено отстранување на сите пречки во заедничка активност со локалните самоуправи и јавни претпријатија на изложени производи, оставени хаварисани возила или други предмети што се пречка за нормално и безбедно движење на учениците. Истовремено се проверува исправноста на сообраќајната сигнализација, семафори, знаци и друго и се обновуваат обележаните пешачки премини пред и во близина на училиштата, рече Јосифовски.

Тој најави дека со почетокот на наставата околу училиштата е предвидено поголемо полициско присуство посебно за време на одморите и на почетокот и по завршување на училишните смени, како и на автобуските постојки на кои пристигнуваат и од кои тргнуваат учениците кон местата каде живеат.

Од полицијата апелираа до возачите да бидат максимално внимателни односно да ја прилагодат брзината кога се движат во близина на училиштата, задолжително да застануваат пред пешачките премини, да им даваат предност на учениците-пешаци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Во рамките на подготовките за почеток на новата учебна година СВР Тетово преку својот Отсек за превенција во текот на идната недела ќе организираат средби со најодговорните на основните и средните училишта во тетовско – гостиварскиот регион.

- На овие средби претставниците од СВР Тетово поблиску ќе ги запознаат директорите на училиштата со сите активности кои веќе се и ќе бидат преземени за успешен и безбеден старт на наставата пред се од областа на јавниот ред и мир, сообраќајот и друго. Ќе се разговара и за тоа што се треба да направат училиштата за поголем ред и безбедност на учениците во објектите, училишните дворови и слично, но и како практично и најефикасно да соработуваат со полициските службеници доколку сретнат односно препознаат одредени можни проблеми на овој план, изјави Јосифовски.

Според него, вакви и слични средби ќе следат и во наредниот период со единствена цел на учениците да им се овозможи максимална безбедност пред, во текот и по завршувањето на наставата. ас/ев/16:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...