• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Жена пронајдена мртва во охридското село Велгошти

Жена пронајдена мртва во охридското село Велгошти

Охрид, 31 август 2018 (МИА) – Средовечна жена попладнево околу 17 часот е пронајдена мртва во нејзината семејна куќа во охридското село Велгошти.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на смртта.

Првичните информации укажуваат на убиство оттаму што жената, инаку мајка на две деца, била пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата. Станува збор за Б.П. (41). аб/скс/19:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ