Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато

Гостивар, 1 септември 2018 (МИА) - Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, заради увидот на сообраќајна незгода.

Според СВР Тетово, утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки.

Извесно време патниот правец кон Стража беше во застој, а од пред еден час полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци. згм/дма/12:00

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ