• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 сепетември 2018 (МИА) - Утрово во 08:00 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување. По кратко време во полициска станица дошло лицето Б.А.(49) и пријавило дека во семејната куќа со нож ја избодел В.М. со која заедно вонбрачно живееле. Лицето е задржано, известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Вчера во 17:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.Е. (50) пријавил дека истиот ден околу 17:00 часот на трим патеката во близина на спортското игралиште „Вембли“ додека се  движел, од позади грб му пришло непознато лице кое го удрило во пределот на главата по што пријавителот паднал на земја, а лицето му одзело црна кожна ташна во кој имал два мобилни телефони по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќеска во 01:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, З.К.(52) пријавил дека управувајќи такси возило истиот ден околу 00:40 часот на улицата „Мирче Ацев“ во возилото влегле три непознати лица кои побарале да одат до село Морани. Кога пристигнале во селото во близина на црквата истите со закана со нож му одзеле 3.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека пред околу четири до пет месеци врз неговата 17-годишна ќерка од страна на непознато лице откако ја пресретнало кај Железничката станица во Скопје, и ја внело во возило, била извршена обљуба. Пријавителот за настанот дознал пред три недели од разговарот со неговата сопруга и со неговата ќерка и дека девојката најверојатно била бремена. Родителите ја однеле девојката на преглед во Гинеколошко-акушерската клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана бременост. По наредба на јавен обвинител над истата и во Судска Медицина направен бил гинеколошки преглед. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Синоќа во 19:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(28) пријавил дека истиот ден околу 16:45 часот на улицата „Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата. Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 22:00 часот,  Л.Ч.(34) пријавил дека истиот ден во времето од 14:00 до 19:00 часот на улицата „Лазар Личеновски“ на полигонот на кејот од страна на непознат сторител на непознат начин било извршено одземање на патничко моторно возило „БМВ 530“ со шведски национални ознаки во кое имало лап-топ и куфер со облека, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 976.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. дма/13:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ