Контролор на ЈСП со тупаница удрил момче во „15“-ка

Контролор на ЈСП со тупаница удрил момче во „15“-ка

Скопје, 1 септември 2018 (МИА)Т.Б. (28) од Скопје вчера пријавил дека контролор на ЈСП го удрил со тупаница додека се возел во автобус со број 15.

Како што информира МВР, настанот се случил попладнето на улицата „Љубљанска“. Според пријавата, контролорот на ЈСП му побарал билет на Т.Б. и откога го проверил, му побарал повторно да плати карта. Т.Б. одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во  пределот на устата.

Полицијата направи записник за констатиран прекршок. мч/сст/14:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ