МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 септември 2018

Вчера во 08:00 часот на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со скопски регистерски таблици управувано од С.К.(60) од Скопје удрило во пешакот Р.М.(67) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На местото на настанот извршен бил увид, се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 13:20 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Р.А. (41) од Кавадарци и товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А.(48) од с.Арачиново-скопско. По незгодата двајцата возачи и сопатникот од возилото „Мерцедес“ М.Ј. (50) од Косово, со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Градската болница-Прилеп каде од страна на лекар кај И.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а со повреди се здобиле и другиот возач и сопатникот. На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 17:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.А. пријавил дека 30.08.2018 година околу 17:00 часот избувнало пожар  во куќата сопственост на П.А. (21) од Скопје при што интервенирале три возила на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје и пожарот бил локализиран. Во пожарот изгорела кровната конструкција од куќата. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Ноќеска во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р. Пожарот бил локализиран во 04:15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола. Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден. дма/сст/10:24

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ