Изгоре куќа во битолската населбата Баир

Изгоре куќа во битолската населбата Баир

Скопје, 2 септември 2018 (МИА) -  Во пожар целосно изгоре куќа во битолската населбата Баир. Повредени лица нема.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 03:30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола), избувнал пожар во куќата сопственост на С.Р.

Пожарот бил локализиран во 04:15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица-Битола.

Од пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Увидот ќе се врши во текот на денешниот ден. дма/сст/10:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ