• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 септември 2018 (МИА)  - Вчера околу 14:15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, С.А. (52) од Скопје, вработен како обезбедување во Поликлиниката-Ѓорче Петров, пријавил дека додека извршувал службени задачи го забележал лицето С.Б.(41) од Скопје надвор пред Поликлиниката како недолично се однесувал. Откако С.Б бил предупреден за недоличното однесување, тој влегол внатре, и по кратко време физички го нападнал пријавителот по што го напуштил местото на настанот. Поради здобиените повреди, пријавителот се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење. По кратко време возилото е сопрено, а го управувал Р.Ф. (41) од с.Сингелиќ-скопско. Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан. Р.Ф. бил лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, лицата-мигранти се превземени за понатамошна постапка.

Вчера во 09:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево после с.Церово се случила сообраќајна незгода помеѓу: патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски  регистерски таблици управувано од И.Љ. (34) од Тетово, патничко моторно возило „Форд Мондео“ со скопски регистерски таблици сопственост на МВР, управувано од Б.А.(38) и патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки управувано од К.К. (43) од Швајцарија. Во незгодата И.Љ. и Б.А. се здобиле со повреди. На местото на настанот извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар, а во присуство на припадници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 10:30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Скопје полициски службеник додека извршувал работни задачи односно требало да одземе предмет од возило сопственост на М.К. (47) од Скопје, бил нападнат од страна на М.К.. Напаѓачот бил совладан и приведен во полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Охрид В.В.(44) од Скопје вчера во 12:30 часот пријавил дека бил физички нападнат од две непознати лица. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале било дека истиот ден на градилиште каде се изведуваат работи за градење на базен кај Билјанини Извори пријавителот како главен надзор, откако го стопирал градењето поради проблеми со бетонот, по кратко време дошле двете лица коишто најпрво почнале да го навредуваат, а потоа и физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе по телото, а биле спречени од лицето Р.М. Од ударите В.В. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Охрид. Истиот ден во 20,30 часот во полициска станица било повикано лицето Б.Х.(44) од с.Велешта-струшко во врска со настан за нарушен ЈРМ. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќеска на полноќ било пријавено дека во Тетово на улицата „Борис Кидрич“ Х.Ј.(21) од с.Сараќино, К.С.(21) од с.Брвеница и И.С.(22) од с.Сараќино додека биле во угостителски објект биле нападнати од страна на две лица кои ги познавале, при што сите биле извадени надвор од објектот од страна на обезбедувањето. По кратко време тројцата повторно биле нападнати од двете лица, кои овој пат дошле со уште неколку други лица, а во еден момент еден од напаѓачите со стаклено шише им задал неколку удари по глава на Х.Ј. и К.С. кои се здобиле со расекотина. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 16:20 часот во Полициско одделение Галате Е.Г.(37) од с.Добридол пријавил дека истиот ден околу 11:30 часот во с.Градец бил физички нападнат од страна на браќата Ј.З. и Х.З. како и Ш.С. сопруга на Х.З.. Е.Г. бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Причина за физичкиот напад, според пријавеното, бил паричен долг кој Х.З. го имал кон пријавителот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Утрово во 05:15 часот во Полициската станица Битола, битолчанката К.Д.(38) пријавила дека истиот ден околу 03:30 часот спроти кафе бар, по претходна расправија, била физички нападната од страна на четири непознати лица (две машки и две женски лица) и се здобила со повреди констатирани од страна на лекар во Клиничката болница во Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Полициската станица Центар вчера во 17:30 часот,  У.А.(25) пријавил дека истиот ден околу 00:45 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил нападнат од глутница кучиња-скитници и едно од нив го каснало во пределот на левата подколеница. дма/14:15

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ