• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кај Миравци пронадејни 14 мигранти

Кај Миравци пронадејни 14 мигранти

Скопје, 2 септември 2018 (МИА) - Вкупно 14 мигранти од кои 11 Авганистанци и тројца од Пакистан се пронајдени вчера попладне после клучката Миравци на автопатот Гевгелија - Скопје.

Како што соопшти МВР, полицијата најпрво го забележала, а потоа и тргнала по возилото „Хонда“ во кое биле мигрантите. Се движело кон Скопје со голема брзина, имало скопски регистарски таблички, а со него управувал Р.Ф. (41) од скопското село Сингелиќ. Во еден момент, „хондата“ застанала, мигрантите излегле од неа, по што продолжила да се движи, но за кратко време е сопрена.

Р.Ф. е лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, мигрантите се преземени за натамошна постапка. мч/дма/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ