МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Вчера во 16,10 часот било пријавено дека во село Самоков–Македонски Брод, во фабриката Сувенир настанале експлозии во магацинот за оружје. Настанал и пожар, кој е изгаснат од страна на Противпожарната единица-Македонски Брод. Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на настанот.

На 31.08.2018 година во 10.30 часот на регионалниот пат Кавадарци-Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Нисан терано“ со бугарски регистарски ознаки,  управуван од Г.Ц. (44) од Росоман и патнички автомобил „Југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.М. (37) од Кавадарци. Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото „Југо“ кој бил пренесен во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 
 
Вчера во 16,00 часот било пријавено дека во атарот на село Брезница–Македонски Брод избувнал пожар од кој била зафатена поголема површина на борова шума. Известен е Центарот за управување со кризи и се превземаат мерки за гаснење на пожарот.

Во текот на изминатите денови (31.08, 01.09. и 02.09..2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода од кои една со тешки телесни повреди, 13 со лесни телесни повреди и 17 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 216 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи од кои: 29 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 38 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 13 возачи затоа што бил возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 34 возила бидејќи 30 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување и 24 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).  Санкциониран бил еден пешак кој поминал коловоз на пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 153 мандатни платни налози, додека 105 возила се подигнати со специјално возило "пајак". аа/10:07

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ