Во Штип сообраќајни контроли за возачите на мотори

Во Штип сообраќајни контроли за возачите на мотори

Штип, 3 Септември 2018 (МИА) - Секторот за внатрешни работи-Штип во текот на вчерашниот ден спроведе засилена контрола на патиштата и улиците за возачите кои прават прекршоци возејќи велосипеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на полициските службеници преземени се вкупно 53 мерки против ваквиот вид прекршоци.

- Тројца  возачи се исклучени од сообраќај, на 33 издадени им се прекршочни платни налози, седум писмено се опоменати и 10 се повикани на сообраќајна поука, вели Панајотова.

СВР-Штип апелира до сите возачи на мотицки да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, но и да внимаваат на правилата, како и да користат заштитен шлем, заради лична безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.вдј/скс/14:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ