• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Вчера околу 21:45 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Доне Божинов“, во станот на Н.Д. (40), додека истиот седел со М.С. (47) и Љ.М.(43) по кратка расправија, Љ.М. најпрво го удрил М.С. со чаша во пределот на главата, а потоа со остар предмет на Н.Д. му нанел две убодни рани во пределот на градите, по што го напуштил местото на настанот. Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, a потоа препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Кај М.С.  констатирана е телесна повреда и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Утринава во 4:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот. Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на  вчера околу 20 часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг Б.А.(64), тој со нож и нанел повреди. Потоа Б.А.  со приватно возило ја однел П.В.  во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“  каде веднаш бил извршен оперативен зафат. Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Вчера во 17:20 часот  во село Сопиште-Скопје полициски службеници додека вршеле службени дејствија, сопрелe патничко моторно возило „Даеву Есперо“ натоварено со огревни дрва без документи. При легитимирање на возачот И.С.(37) од село Елово-скопско, го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство. По кратко време тој бил пронајден и приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

На 1 септември 2018 година во 21:35 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот  "Јане Сандански" на паркинг бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица. Додека Н.С.(53) од Арачиново бил во патничко моторно возило „Ауди" со Е.В.(36) од Скопје, од друго возило им бил попречен патот бидејќи истиот подолго време се задржал на паркингот и возилата позади него започнале да свират. Откако Н.С. излегол од возилото со неговата пријателка по куса расправија настанала тепачка помеѓу нив од една страна и Д.П.(29), М.П.(33) и В.П.(47) сите од Куманово од друга страна. На В.П. и била укажана лекарска помош од страна на лекар од Итна медицинска помош. По преземени мерки, против лицата се издадени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Во периодот од 23 часот на  септември 2018 до 3 часот вчера, полициски службеници спровеле акциска контрола во угостителски објект на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, сопственост на Љ.А.(25) од село Мала Речица, тетовско. Притоа, во објектот биле затекнати шест државјани на Република Албанија, од кои четири женски лица и две машки. Лицата биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, околу 16 часот тие биле  депортирани во нивната матична земја.

Вчера во 21:30 часот било пријавено дека пред угостителски објект на улицата „Владимир Полежановски“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата С.Ц.(24) од Скопје и Н.Н.(23) од Скопје, од една страна, и Р.К.(48) од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во полициска станица.

Вчера во 1 часот во Полициската станица Центар, А.Г.(18) од Скопје пријавил дека истиот ден околу десет минути по полноиќ во близина на угостителски објект на улицата „Македонија“ три лица физички го нападнале лицето Д.Н. Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот. бк/14:52

###

 

 

           

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...